Тројца повредени во судир на автомобил и трактор на патот Прилеп-Крушево

пред 4 години

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај местото викано „Босја бара“. Несреќата се случила помеѓу автомобил и трактор со приклучна приколка.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото М.Ф.(52) од Струга, а со телесни повреди се здобиле Џ.Б.(31) и малолетник, сопатници од истото возило, двајцата од Прилеп, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Share
Scroll to Top