Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“

Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“

пред 3 дена

Тројца повредени во пожарот во дискотеката Пулс во кој загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кажа дека еден од нив е во Истанбул, а двајца се во скопската болница „Аџибадем Систина“.
„Ме радува да спомнам дека за неколку дена бројот на повредени кои се хоспитализирани се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден пациент од истанбул се врати на 27 и тој е на домашно лекување и еден пациент од Клиниката за пластична хирургија, исто така е пуштен на домашно лекување. Во моменто на лекување во болнички услови останува еден повреден во Истанбул и двајца повредени во ‘Аџибадем Систина’. За жал дваја сеуште се во тешка, но не критична состојба. Се надевам дека и таму борбата ќе биде успешна и ќе излезат закрепнати“, рече директорот Клековски денес при посетата на болницата во Кочани.
Освен тројцата кои се на болничко лекување, двајца пациенти се уште имаат потреба од повремени интервенции оти имаат отворени рани и тие се третираат во Кочани, а Фондот ги покрива контролите за шестмина повредени во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија, настарана од физикалните терапии кои се редовно вршат во кочанската болница.
Клековски извести дека пластичен хирург од Белгија направил проценка на поредите кај пациентите со изгореници на лице, врат и дланки.
„Имавме чест, дојде познат пластичен хирург од Белгија кој правеше проценка на повредените со изгореници на лице, на врат и на дланки. Тоа се осумнаесетмина повредени со најсензитивни повреди за кои ќе треба подолготраен третман понатаму. Ние сме тука, ќе ја продолжиме поддршката и ќе направиме се што е потребно повредените да излезат живи, здрави и убави“, рече директорот Клековски и уште еднаш кажа дека закрепнувањето на повредените е борба на долги стази.
Директорката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска, кажа дека се уште е рано за естетски зафати кај повредените, но доколку се неопходни зафати на функционални делови како што прсти, врат можни се корекции доколку има такви предлози. Паниќ – Мирчовска вели дека силиконските маски направени со триде скениранње и принтање вече се изработени и во наредниот период ќе ги добијат повредените со лузни на лицето и вратот, а за шест месеци повторно ќе првата набавка на нова компресивна облека.

Текстот Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top