Тројца тешко повредени во сообрќајка кај Непроштено

пред 2 години

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случил вчера на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, кај с.Непроштено.

Несреќата се случила помеѓу „фолксваген голф“, управуван од Ш.С.(43) од с.Нераште и „бмв“, управувано од Б.Н.(40) од с.Доброште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н., а со телесни повреди се здобиле Ш.С. и сопатникот од истото возило, Ј.М.(43) од с.Нераште, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Share
Scroll to Top