Тунелот Катланово денеска шест часа без струја поради замена на електричен столб

Тунелот Катланово денеска шест часа без струја поради замена на електричен столб

пред 6 часа

Тунелот Катланово денеска, ќе остане без електрично напојување во периодот од 9:20 до 15:20 часот.

Прекинот е најавен поради замена на дрвен столб со бетонски на 10-киловолтен далекувод кон тунелот Катланово, од страната на селото Бадар.

Според најавата, без електрично напојување ќе биде само тунелот, додека не се очекуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија на околните населени места.

Текстот Тунелот Катланово денеска шест часа без струја поради замена на електричен столб е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top