Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата Brave Partner – 23

Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата Brave Partner – 23

пред 10 месеци

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата Brave Partner – 23 и донесе ваква одлука.

Полноправното членство во НАТО побарува и активно учество во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата Brave Partner – 23, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа.

На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната геостратешка позиција на Република Северна Македонија.

Текстот Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата Brave Partner – 23 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top