Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со повремени локални врнежи од дожд

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со повремени локални врнежи од дожд

пред 3 недели

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.

Текстот Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со повремени локални врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top