Утре седница на Советот за безбедност

пред 2 години

На 3 јули 2022 година (недела) со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.

На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следи изјава на претседателот Стево Пендаровски.

Share
Scroll to Top