Утрово снежно на повисоките места, најави има и за снег во Скопје кон крајот на денот

пред 3 години

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Инаку времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, а вдолж Повардарието со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, (локално над 30 л/м2). особено во ноќните часови. На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми (20 до 30 см), а нова ќе се формира и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, облачно време со повремени врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преминат во снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Share
Scroll to Top