Уште еден руски дипломат е протеран од Македонија, потврди Османи

пред 3 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди денеска дека руски дипломат е протеран од земјава.

„ Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер, не можам да влегувам во детали, меѓутоа МНР секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на приницпите на Виенската конвенција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојузот во којшто припаѓаме. Така да, информацијата е точна“ изјави Османи.

Во мај годинава МНР веќе прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија. Русија тогаш реагираше со преземање реципрочни мерки, односно со протерување на еден вработен во нашата Амбасада во Москва.

Share
Scroll to Top