Фатена 35-годишна жена која крадела низ Гази Баба

пред 3 години

Полицијата приведе 35-годишна скопјанка (Б. А.), која се товари за повеќе кривични дела – измама, дрска кражба и кражба на подрачјето на Гази Баба.

Од МВР информираат дека по судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела.

Во присуство на јавен обвинител било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби. По целосно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top