Фатени тројца дрвокрадци од Струшко

пред 4 години

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б.(40), Р.Б.(20) и Б.Џ.(40) од струшкото село Мислодежда, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „кражба“.

Тие на 22.09.2020 во шумското подрачје „Орли врв“, атар на селото Црвена Вода, општина Дебрца, со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, без одобрение за сеча, пресекле околу 19 метри кубни огревно дрво. Тие биле затекнати од полициски службеници и претставници на Шумското стопанство. Дрвната маса била одземена и пренесена во седиштето на Јавното претпријатие, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top