Фатен скопјанец кој се барал за доиздржување на 6 години затвор

пред 3 години

Полицијата го приведе Е.К.(37) од Скопје кој се барал по две централни потерници – од Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување казна затвор од 6 години и 9 месеци.

Тој бил осуден на 10 години и 4 месеци затворска казна за насилство, разбојничка кражба и тешка кражба, како и од Основен суд Скопје 1 Скопје за истрага за тешки дела против општата сигурност.

При преглед кај него и претрес во домот каде престојувал, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, куршуми, повеќе таблети и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top