Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше

Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше

пред 1 година

МВР денес го приведе раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака.

„На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети“, информираа од МВР.

Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.

Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.

Текстот Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top