Филипче: Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани против коронавирус

пред 3 години

Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани со ковид-вакцините, најави министерот за здравство Венко Филипче.

„Вчера стигна писмото за најава од страна на Ковакс механизмот дека е можно вакцините преку овој механизам да стигнат на крај на јануари или почеток на февруари. Ние вчера ги пративме и аплициравме со сите документи во однос на спремноста, а тоа е онаа анализа која ја правевме и евалуација на нашиот ситем заедно со СЗО и практично веќе аплициравме да бидеме во првата група на земји согласно спремноста на нашиот систем, во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за јавно здравје да бидеме во првата група на земји која би ги примиле вакцините“, рече Филипче.

Крајниот рок за аплицирање бил 18 јануари, и дури потоа ќе се знае точно кога би пристигнала пратката вакцини.

„Според нивното писмо станува збор за фајзеровата вакцина, а следна која доаѓа предвид е астразенека“, рече Филипче.

Share
Scroll to Top