Филипче: Ситуацијата е сериозна

пред 3 години

Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид – центрите, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата. Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Според него мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.

Share
Scroll to Top