По удар од возило малолетничка од Скопје завршила со тешки телесни повреди, сторителот побегнал

пред 3 години

Малолетничка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од возило кое го напуштило местото на несреќата, информира министерството за внатрешни работи.

Утрово во 01.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговор со мајката на малолетничката, И.Ч.К.(34) од Скопје, која изјавила дека на ул.„Кримска“ нејзината ќерка како пешак била удрена од едно возило, кое го напуштило местото на незгодата.

Се работи на расчистување на случајот, велат надлежните.

Share
Scroll to Top