Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности за заштита и помош на населението погодено од поплавите во „Прилепска населба“ во Кичево.
Конкретно, беа обезбедени и транспортирани 30 полски кревети, а и соодветен број ќебиња од магацинот на ДЗС, што истовремено беа транспортирани со возила на ДЗС и поставени во кичевската спортска сала „Македонија“, каде што веќе беа сместени привремено згрижените лица погодени од локалната поплава.
Во Ресенско, тим на ДЗС овие два дена и сношти, со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти, а во подготвеност беше активиран и тим на ДЗС со два чамца, што за среќа немаше потреба да дејствуваат.
Сите активности за заштита и спасување на населението во зафатените реони од поплава во Кичевско и Ресенско беа реализирани во координација со надлежните институции и локалните служби од Системот за управување со кризи (СУК), со цел навремено и ефикасно згрижување на населението погодено од поплавите.
Текстот (Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи е превземен од МАКФАКС.






