(Фото) 25 години од загинувањето на бранителите кај Вејце: „Битола засекогаш ќе го зачува споменот“

(Фото) 25 години од загинувањето на бранителите кај Вејце: „Битола засекогаш ќе го зачува споменот“

пред 2 часа

Денеска се навршуваат 25 години од еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, ги одзеде животите на осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица беа битолчани.

Во чест на бранителите на татковината, денеска беше положено цвеќе пред споменикот во кругот на СВР Битола и споменикот „Ангел“ кај Саат кулата. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, советници, пратеници, полицијата, армијата, семејствата на загинатите, политичките партии и граѓаните, им оддадоа почит.

Свежо цвеќе положи и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници од министерството за спорт.

„Битола засекогаш ќе го зачува споменот за Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски“, велат од Општината.

Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на Бошко Најдовски во Долно Оризари, од страна на заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ и советници од Советот на Битола.

Беше организиран и меморијален турнир во спортската сала на средното медицинско училиште, информираше општина Битола.

Текстот (Фото) 25 години од загинувањето на бранителите кај Вејце: „Битола засекогаш ќе го зачува споменот“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top