Цвеќе и играчки пред македонската амбасада во Бугарија

пред 2 години

Граѓани на Бугарија положија цвеќе, оставија играчки и запалија свеќи пред македонската амбасада во Софија во знак на сочувство за загинатите во тешката сообраќајна несреќа со македонски автобус што се случи во Бугарија.

46 лица, меѓу кои и деца, загинаа во сообраќајката на автопатот Струма.

Седум лица се повредени. Тие се сместени во болница, без опасност по животот.

Засега не се познати причините за несреќата. Се споменува дека најверојатно до несреќата дошло поради техничка неисправност или човечка грешка.

Share
Scroll to Top