ЦУК: Активни пожари на отворено до утрово нема, на 112 имало 1.463 повици

ЦУК: Активни пожари на отворено до утрово нема, на 112 имало 1.463 повици

пред 1 година

Пожари на отворен простор во претпоследното деноноќие немаше, најверојатно заради влажното и врнежливо време, но пожарникарите сепак имаа работа во урбаните средини, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи ЦУК добиени од неговите регионални центри и од институциите во државата од Системот за управување со кризи (СУК). Активни пожари на отворено нема утрово.

„Во Скопско и во Охридско пожарникарите имале по една една помала интервенција на отворено. Во Тетовско во период од 18:40 до 20:15 часот со едно противпожарно возило и шест пожарникари гаснеле запален кров од ресторан во Тетово и пожарникарите од ТППЕ Гостивар во период од 16:20 до 17:10 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари интервенирале на запален подрум од куќа во центарот на Гостивар“, известува ЦУК.

Според последниот извештај на Секторот Е-112 во ЦУК на Единствениот број за итни случаи до изминатото деноноќие најмногу повици биле упатени кон Полицијата (50,99%) и Итната медицинска помош (41,58%), од повиците за итни случаи. Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги (од 3 до 10%најчесто) решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. При што било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од СУК.

Текстот ЦУК: Активни пожари на отворено до утрово нема, на 112 имало 1.463 повици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top