Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците, 16 септември 2021 година- четврток, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија им го честита празникот Јом Кипур.