Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

пред 2 години

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација.

Станува збор за возила управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33) – сите од Струмица, информираат од МВР.

Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистување на случаите.

Share
Scroll to Top