Чувствувам голема неправда оти работев чесно, вели Груевски за црната листа на САД

пред 2 години

Експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи објави дека жали за одлуката на Стејт Департментот со што од денеска е ставен на црната листа на САД.

Груевски обвини дека властите во Македонија со години лобирале да дојде до тоа. Тој напиша дека чувствува голема неправда бидејќи, како што вели, работел чесно и одговорно борејќи се за државните и националните интереси.

„Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи. Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев. Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кои подлегнале и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес. Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија“, наведе Груевски на социјалните мрежи.

Покрај Груевски, Стејт Департментот на црната листа го смести и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Share
Scroll to Top