Шахпаска: Суштината на социјалната реформа е помош на корисниците во сиромаштија и оспособување за работа

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети Центарот за социјална работа (ЦСР) Велес. На средбата со социјалните работници министерката се информираше за тоа како се одвива спрведувањето на социјалната реформа донесена во 2019 година. Новиот начин на работа во Центрите за социјална работа претставува работа со семејството, коешто е во ризик, во целина со сите парични права, но и со сите услуги што треба да ги завршат социјалните работници.

„Со вработените разговаравме околу тоа како стручните работници излегуваат на терен и покрај пандемијата, со цел да одговорат на потребите на граѓаните. Исто така разговаравме и за новиот пристап на работа која значи не само пасивно примање на паричните права туку и работа со семејството со цел тоа да се извлече од ризик“, рече Шахпаска.

Министерката потенцираше дека суштината на социјалната реформа не е регрутирање на поголем број на корисници, туку нивно вадење од сиромаштија и преку процесот на активација нивно оспособуање за работа преку Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување.

Обврската е голема рече министерката бидејќи центрите за социјална работа се првата станица на која најранливите групи на граѓани се обраќаат за помош. Уште поголема е обврската на ЦСР Велес бидејќи во неговата рамка се и Дневниот центар за деца и лица со телесна или ментална попреченост, Деневен центар и клуб за стари и возрасни лица во општините Чашка и Богомила, Цетар за жртви од семејно насилство т.е. Шелтер центар. Во рамките на Центарот функционира и услугата за персонална асистенција на лица со попреченост и Народна кујна.

Share
Scroll to Top