Шилегов: Во време на пандемија изградивме четири булевари и 110 километри нови велопатеки

пред 3 години

Можам гордо да кажам дека се изградени четири булевари, еден мост завршен во Аеродром, друг почнат во Карпош, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, по 40 години зборување за трамвај, сега „бас рапид транзитот“ е тендериран, завршена финансиската конструкција, после долги години малтретирање на уличните кучиња направивме стационар, што е пример во регионот, сето тоа се политики што ги креиравме за нашиот град за одржлив развој на инфраструктурата, се токму тоа со коешто јас настапувам пред скопјани, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во телевизиско интервју.

Во врска со нападите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов смета дека истите се наменети кон него само со една цел – лична дискредитација затоа што, како што кажа, и самите тие знаат дека проектите што ги реализирал Град Скопје под негово раководство, се проекти што на сите граѓани им се од полза и за нив никој не може да замери.

„Мене ми е криво што нападите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон мене лично. Тие се со цел да бидам дискредитиран во очите на јавноста. Тоа не се напади на политиките на градот и јас од нив не успеав да слушнам со кои политики, проблемите да бидат решени“, потенцираше градоначалникот Шилегов во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24.

Share
Scroll to Top