Шилегов: Скопје ќе биде град без шалтери, сè ќе се прави преку мобилен

пред 3 години

Младите мора да останат во Скопје и затоа во нив постојано ќе вложуваме, порача кандидатот за градоначалник, Петре Шилегов, на трибината на СДСМ во Гази Баба.

Тој рече дека актуелната локална власт работи домаќински и веќе се заштедени пари, кои се пренаменуваат за значајни цели.

„Веќе светат новите ЛЕД-светилки и заштедуваме 1,3 милион евра годишно откога ги заменивме старите. Заштедата ќе ја трошиме за скопјани, така што ќе надоместуваме 50 % од надоместокот за запишување деца во градинки и за оброк во основните училишта“, изјави Шилегов.

Тој потсети дека трите средни градски училишта во Гази Баба се целосно реконструирани, расчистени се депониите, направени се велосипедски патеки, а подигнати се и нови паркови.

„Затоа велам дека Скопје денес е многу поинаква приказна од претходно. Скопје ќе биде прв главен град во регионот што ќе биде целосно дигитализиран и нема да има повеќе шалтери, сè што може ќе биде направено преку мобилен“, заклучи Шилегов.

Share
Scroll to Top