Штипски дилери фатени со 30 шишиња метадон во Чаир

пред 3 години

Денеска напладне во скопската општина Чаир полицијата запрела автомобил „сеат толедо“ со штипска регистрација, во кој при извршен преглед пронајдени биле 30 шишиња метадон.

Како што информираат од МВР, автомобилот бил управуван од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип.

Двајцата биле лишени од слобода, а по добиена судска наредба, штипската полиција извршила претрес во домот на 33-годишникот и при претресот биче пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми.

По документирање на случајот против штипјаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top