Жителите на Усје, за првпат добиваат градинка. Грaдоначалникот Ѓорѓиевски денес го промовираше овој проект, кој е петтиот, од седумте капитални проекти по повод роденденот на Кисела Вода. Објектот кој наскоро ќе биде ставен во функција, има капацитет за стотина дечиња, пред се од населбите Усје, Стаклара и Градинар.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Влеговме во вториот дел од роденденската седмица на Општина Кисела Вода во која промовираме, реализираме 7 капитални проекти, по еден за секој ден. Денес сме во Усје, каде жителите од овој дел на Скопје, за првпат добиваат градинка. Извршивме преадаптација на овој објект. Ги менуваме работите од темел. Градежните активности овозможија можност за згрижување на 100тина деца. Во овие 350 квадратни метри сега има занимални, јасли, соба за изолација, простории за персоналот, два тоалета од кои еден е за деца со посеби потреби, а во подрумските простории ќе функционира перална. Во овој период што преостанува пред да ги отвориме вратите на оваа нова градинка, ќе се работи на уредување на дворот и обезбедување на дополнителни содржини корисни за раниот детски развој“, истакна тој.
Оценува дека проектот има големо значење, пред се’ за дечињата од населбите Усје, Стаклара и Градинар, кои ќе имаат приоритет за запишување, но ќе биде од огромно значење и за останатите, бидејќи, како што рече, листите на чекање, како и секаде во Скопје, се огромни, а постоечките градинки се преполни.
„Сакам да најавам дека нова градинки ќе има и во Расадник, каде се подготвува техничка документација, а јаслите во претходно изградената градинка во Драчево веќе функционираат, додека за останатите дечиња се чека соглсност за вработување персонал од централните институции. Воедно, го проширивме капацитетот и на објектот “Синоличка” од ЈДГ “Весели Цветови”, а во следниот период го зголемуваме капацитетот и на објекотот “Кокиче” за 150 нови дечиња“, истакна Ѓеорѓиевски.