Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со смешните соопштенија за проектот ‘Алумина’. Многу нѐ потсетуваат на кокошката што ја бркал петелот, а таа си викала: „Да застанам?! Или… Море ај да свртам уште некое кругче да не помисли дека сум лесна женска“. Вака Мицкоски и неговата арамиска дружина вртеа кругчиња и за проектот ‘Ист гејт’. Вртеа, вртеа и застанаа тогаш кога го договорија пазарот. Јавноста да не се возбудува во врска со пресовите и соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ. И сега се пазарат и ќе гласаат за ‘Алумина’“, се наведува во реакцијата на Општина Карпош.
„Изградбата на ‘Ист гејт’ и објектот околу него е убав проект, но јас сум сигурен дека нашиот проект во Карпош е најубав. А Мицкоски се декларира дека работи за доброто на граѓаните. Јас знам дека и сега ќе гласа за доброто на граѓаните, ама во анкетната предигра малку да изработи и за себе. Нема потреба од нервоза, се познаваме добро“, се додава во реакцијата на Општина Карпош.
Текстот Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: И сега се пазарат и ќе гласаат за „Алумина“, се познаваме добро е превземен од МАКФАКС.