Јанев од Меџитлија: Во пресрет на летната сезона ги ставаме во функција сите капацитети за побрз проток и повисока безбедност

Јанев од Меџитлија: Во пресрет на летната сезона ги ставаме во функција сите капацитети за побрз проток и повисока безбедност

пред 2 часа

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска го посети граничниот премин Меџитлија, во рамки на работните активности на подрачјето на Битола, заедно со началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ.

При посетата, директорот Јанев непосредно се запозна со фреквенцијата на патници и возила на граничниот премин, со условите за работа на полициските службеници, како и со безбедносните и функционалните предизвици со кои се соочува оваа организациска единица.

На средбата со раководството на граничниот премин, кој месечно опслужува околу 100.000 патници, беше разговарано за унапредување на работните процеси и за изнаоѓање соодветни решенија за надминување на одредени состојби, со цел поефикасно функционирање во пресрет на летната сезона. Притоа, беше посветено внимание и на евентуалните подолги задржувања од грчка страна, поврзани со имплементацијата на „Entry/Exit“ системот на Европската Унија.

„Во периодот што следува во целосна функција ќе бидат ставени сите расположливи човечки и технички капацитети, со цел обезбедување побрз проток на патници и возила, ефикасно спроведување на граничните проверки и засилено справување со евентуални недозволени криминални активности, како на граничниот премин, така и долж зелената гранична линија“, истакна директорот Јанев.

Како заеднички заклучок од посетата беше потенцирано дека ефикасното функционирање на граничните премини е од клучно значење за унапредување на безбедноста, јакнење на довербата кај граѓаните и странските посетители, како и за поддршка на економскиот и развојниот потенцијал на државата.

Текстот Јанев од Меџитлија: Во пресрет на летната сезона ги ставаме во функција сите капацитети за побрз проток и повисока безбедност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top