ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за миење на поголемите православни верски храмови во главниот град

пред 3 години

Во пресрет на најголемиот христијански празник-Велигден, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини.

Со активностите беа опфатени: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.

Share
Scroll to Top