ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска.
Ова како што информираат е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“, за која, како што тврдат не е поврзана со ЈСП Скопје.
„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП Скопје.
Текстот ЈСП Скопје предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска е превземен од МАКФАКС.






