Џафери-Бесани: Поддршката што ја добива Македонија од Светска банка е силен сигнал дека државата се движи во вистинска насока

Џафери-Бесани: Поддршката што ја добива Македонија од Светска банка е силен сигнал дека државата се движи во вистинска насока

пред 5 месеци

Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Бесани. На средбата присуствуваа и Џиаокинг Жу, директорка на Светска банка за регионот на Западен Балкани Масимилиано Паолучи, менаџер на Светска банка за Северна Македонија и Косово, како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Претседателот Џафери информираше за временската рамка во која Собранието ќе го усвои Буџетот на државата за 2024 година, како и за Законите кои се усвоија во Собранието во изминатиот период, со акцент на новиот Закон за буџети со кој се воведоа фискални правила, Фискален совет и подобрување на транспарентноста на јавните финансии. Во однос Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност, Џафери, нагласи дека е во Собраниска процедура, а како предуслов за усвојување на овој закон Собранието усвои 11 дополнителни закони.

Потпретседателката на Светска банка, Бесани искажа задоволство што Светска банка ги поддржува амбициите и целите на државата и нејзините граѓани во изминативе 30 години и надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина. Бесани се осврна на наодите од ажурирањето на Систематската дијагностика за земјата од 2023-та година и се осврна на приоритетите на земјата кои би можеле да бидат поддржани од Светска банка во следната Рамка за партнерство со земјата.

Соговорниците се согласија дека поддршката што ја добива Република Северна Македонија од Светска банка е силен сигнал дека државата се движи во вистинска насока, и е мотивација да се продолжи со политиките и започнатите реформски процеси, а во исто време дава сигнал кон меѓународните чинители и меѓународните финансиски пазари.

Текстот Џафери-Бесани: Поддршката што ја добива Македонија од Светска банка е силен сигнал дека државата се движи во вистинска насока е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top