Џафери на отворање градинка во Матејче: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро

Џафери на отворање градинка во Матејче: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро

пред 2 години

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, при посетата на општина Липково, каде што се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, им посочи на нoвинарите дека треба да го прочитаат подобро законот во однос на одржувањето настани пред избори.

„Ќе треба да го прочитате малку подобро законот затоа што тој забранува 20 дена од почнување на официјалната кампања, а сѐ уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата имајќи предвид дека изборите се на 24, некаде на 4 април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период“, одговори Џафери на забелешката дека 20 дена пред распишување на изборите не би требало да се одржуваат вакви настани и да не се трошат јавни пари за вакви настани.

На новинарското прашање дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на изборите, Џафери повторно ги упати новинарите во Речица да го прашаат лидерот и додаде дека тој е премиер и ја претставува Владата, а не ДУИ.

Во однос на предлогот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари да биде претседателски кандидат, техничкиот премиер рече дека не чувствува потреба да ги коментира одлуките на политичките партии.

„Непотребен би бил каков и да е коментар од моја страна“, рече Џафери.

Претходно, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, објави дека дека е кандидат за претседател на државата на предлог на претседателството на Алијансата и со поддршка на Европскиот сојуз за промени.

Текстот Џафери на отворање градинка во Матејче: Ова не е кампања, прочитајте го законот подобро е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top