Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

пред 3 години

Премиерот Талат Џафери, денеска, се сретна со амбасадорката на Хрватска во земјата, Нивес Тигањ.

На средбата беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји, кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион.

Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честита за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјата. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Северна Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија.

Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Северна Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес.

Северна Македонија и Хрватска имаат воспоставено дипломатски односи пред повеќе од 30 години. Во овој период билатералните односи се унапредени, а во следниот двете земји ќе бидат посветени на зголемувањето на трговската размена и на економската соработка.

Текстот Џафери – Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top