Џафери: Јас нема да се спуштам на ниво на Мицкоски и да навредувам на лична основа

пред 2 години

Собранискиот спикер Талат Џафери од собраниската говорница им образложи на пратениците зошто смета дека и понатаму треба да ја врши својата функција откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација против него.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Извини брат, јас сум бил примитивецот, јас ќе ги поднесам сите епитети, но ќе продолжам да ја вршам работата совесно по закон и процедура. Нема интерпелација на пратеник, тоа е злоупотреба. Треба да оставиш една врата, како што сум оставил многу врати отворени. Ако некој ве бранел од сите оние напливи, тоа сум јас. Се сеќавате за обвинувањата за патни трошоци? Претседателот ви беше заштитата. Да си се погледнат во огледало оние што обвинуваат. Многу епитети ми беа доделени приватно во последните 30 дена. Разбирам дека јавноста очекува детали, но нема да зборувам. Јас нема да се спуштам на ниво на Христијан Мицкоски и да навредувам на лична основа затоа што него му овозможив да седи во пленарната сала, што порано беше незамисливо“ рече Џафери.

Во однос на интерпелациите Џафери им посочи на пратениците дека има стенограми и има записници од координациите што и како е барано. Во однос на законитоста на неговата работа, Државниот завод за ревизија извршил ревизија на негово барање и во неговиот извештај немало ниту една забелешка во однос на законитоста и буџетирањето.

„ Ревизорот укажа дека методологијата на исплата на плати не е соодветна на законските одредби и јас ви реков „колеги дајте да донесеме закон со кој ќе ја разрешиме дилемата на заводот за ревизија“. Вие велите „ не, што ќе ни кажат гласачите“. Епа тука се доаѓа за носење одлуки. Ви реков јас ќе потпишам за вас. Ќе ме караа во јавноста, но со тој закон ќе спречевме штрајкови по улиците – додаде претседателот на Собранието.

Орце Костов

Share
Scroll to Top