114 санкции за брзо возење на територија на Тетово

пред 3 години

Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Тетово била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 114 возачи.

Од нив 56 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

При тоа 17 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top