122 санкционирани возачи во Скопје

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, осум за возење повеќе од дозволената брзина, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за неприписно престројување на возила, 30 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top