123 возачи казнети за брзо возење во Скопје

пред 4 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 казни информира МВР, меѓу кои за возење над дозволената брзина 123 санкции, 10 за возење без возачка дозвола и 33 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

За користење на мобилен телефон биле изречени седум казни, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет казни за прекршоци што ги направиле пешаците, четири за минување на црвено светло.

Од министерството за внатрешни работи известуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема сообраќајна безбедност.

Share
Scroll to Top