125 сообраќајни прекршоци во Скопје, 29 за брзо возење

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top