На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 137 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 34 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол.
Изречени биле и две кaзни за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 15 за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најави полицијата.