139 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, шест мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 47 за непрописно паркирање…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top