150 санкционирани возачи во Скопје, 62 за брзо возење

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло, соопшти полицијата.

Од таму најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top