163 казнети возачи во Скопје, 75 за брзо возење

пред 3 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 казни за сообраќајни прекршоци, меѓу кои за возење над дозволената брзина 75, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Според МВР, биле изречени и девет казни за користење мобилен телефон, пет за минување на црвено светло, две казни за некористење сигурносен појас и 33 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од министерството за внатрешни работи и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top