18. април неработен за верниците од католичка вероисповед

пред 3 години

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека согласно со Законот за празниците на РМ, 18 април 2022 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичката вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, ресорното министерство на верниците од католичка вероисповед им го честита Велигден.

Share
Scroll to Top