186 возачи во Скопје биле казнети за прекршување на сообраќајните правила, информираат од министерството за внатрешни работи.
Од нив 68 добиле казна за брзо возење, 14 возеле без возачка дозвола.
Тројца возачи биле санкционирани за некористење на сигурносен појас.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за управување под дејство на алкохол, две за минување на црвено светло и 43 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.