199 санкционирани возачи во Скопје

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, од кои 23 за управување со брзина поголема од дозволената, 21 меркa за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 мерки за користење на мобилен телефон и 7 санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top