Во раните утрински часови во саботата, 25-годишниот В.С. од Росоман бил лишен од слобода откако со автомобил излетал од патот и удрил во бандера на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 02 часот по полноќ, кога В.С. управувал патничко возило марка „мерцедес“ со кавадаречки регистарски таблички. Возилото излетало од коловозот, при што завршило во улична бандера.
По преземените мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол – алкотестот покажал 1,59 промили алкохол во крвта.
„Возачот веднаш беше исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци“, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Текстот 25-годишен возач удрил во бандера во Кавадарци, бил пијан со 1,59 промили алкохол е превземен од МАКФАКС.