253 казни за возачи во Скопје, 110 за брзо возење

пред 3 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 253 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 110 казни, 16 за возење без возачка дозвола, три за минување на црвено светло.

Изречени се девет санкции за нерегистрирани возила, четири за некористење сигуносен појас, 20 санкции за непрописно паркирање, информира МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, објаснуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top