296 санкционирани возачи во Скопје, 77 за брзо возење

296 санкционирани возачи во Скопје, 77 за брзо возење

пред 1 година

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 21 санкција за некористење сигурносен појас, 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Текстот 296 санкционирани возачи во Скопје, 77 за брзо возење е превземен од МАКФАКС.